Евробаскетот влегува во завршна фаза и останува само да се одиграат мечевите за медали, полека може да размислува за следниот континентален турнир. Евробаскет 2025 првично требаше да се игра во три земји, но ФИБА ја промени својата идеја по тековниот турнир и реши повторно да се игра во четири.
Така, на Кипар, Финска и Летонија, кои првично беа избрани за домаќини, им ја додадоа Полска, што беше едно од најголемите изненадувања на Евробаскетот бидејќи стигна до полуфиналето, каде беа запрени од Франција.
Полскиот кошаркарски сојуз ја истакна својата кандидатура токму по одличните резултати и триумфот над Словенија, а ФИБА веднаш ја прифати. Така групната фаза на Евробаскет 2025 ќе се игра во Полска (градот ќе биде одреден подоцна), додека веќе беше одлучено финалето да се игра во Летонија.
Македонија се надева дека долгиот пост од учества на големи натпреварувања ќе го прекине токму на ЕП 2025 година. Нашите момци стартуваа од претквалификациите, истите ги почнаа со две победи, над Данска и Словачка.