Капитенот на Динамо (З), нашиот Аријан Адеми повторно беше стрелец за својот тим во градското дерби со Локомотива одиграно денеска во тековното коло од хрватскиот шампионат.
Адеми уште во 6. минута со еден прекрасен погодок го отвори резултатот на гостувањето кај Локомотива, во меч кој на крајот заврши со победа на „модрите“ од 2:1.