Ако успеат да го минат Апелдорн: Струмица Н. во 2. коло од ЛШ против Спортинг (Л)

75

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Н. утре заминува за Холандија, каде веќе во вторник ќе го одигра првиот меч од 1. квалификациско коло во ЦЕВ Лигата на шампионите. Пред заминување за Апелдорн, избраниците на тренерот Кире Ричлиев веќе го дознаа и можниот противник за 2. кваликациско коло, доколку успеат да ја поминат првата пречка.

По ждрепката која беше направена викендов, освен што беа составени групите за групната фаза од Лигата на шампионите, беше одреден и календарот за следните две квалификациски кола. Ако Струмица Н. успее да го мине холандскиот преставник во првата рунда, во второто коло ќе се сретне со португалскиот гигант, Спортинг Лисабон.

Првиот меч од 2. коло ќе се одигра нво Скопје, додека реваншот би бил во Лисабон.

ПретходноСеријата на Аталанта продолжи со победа на „Олимпико“ против Рома (ВИДЕО)
СледноМакедонија против Грузија и Бугарија без капитенот Стефан Ристовски