Бугаринот Стилијанов победник на трката “Гран Фондо“ која се возеше низ улиците на Скопје! (ФОТО)

216

Денеска по улиците на Скопје се возеше велосипедската трка “Гран Фондо“. По подолго време граѓаните на главниот град на Македонија, имаа можност да проследат една ваква трка. Победник во машка конкуренција беше Денис Стилијанов од Бугарија, втор беше Виктор Ванчевски од Македонија, додека трет беше Даниел Тодоров од Бугарија.

Се возеа 12 км, а вкупно имаше 380 учесници.

Во женска конкуренција победи Елена Петрова од Македонија, додека втора беше Бугарката Ивана Тонкова.

Инаку од следната година трката “Гран Фондо“ ќе биде во рамките на европскиот шампионат и ќе се одржи во јуни.

No description available.

No description available.

ПретходноМото ГП: Бастијанини со фантастична победа на ГН на Арагон!
СледноПолувреме: Многу борба, но без голови на Автокоманда!