Пред почетокот на доделување на медалите по завршување на финалето на Европското првенство кое му припадна на Шпанија, ФИБА ги прогласи најдобрите. МВП признанието му припадна на Вили Хернангомез, додека пак неговиот брат Хуанчо беше прогласен за најкорисен играч на финалето.
Во „Ол-стар“ тимот на овој Евробаскет се најдоа: Лоренцо Браун (Шпанија), Руди Гобер (Франција), Вили Хернангомез (Шпанија), Денис Шрудер (Германија), Јанис Адетокумбо (Грција).