Вардар преживеа уште едно тешко гостување сезонава во ВМФЛ шампионатот. Денеака во Струга победи кај Караорман со 1:2, со гол постигнат во последните моменти на резервистот Жоглев. Па така, по ремито на главните претенденти за првото место Гостивар и Воска, сега Вардар е прв на табелата со 13 освоени бодови по пет одиграни кола.
Сега, Вардар има задача таму и да остане. Дали тоа ќе биде така ќе видиме во периодот кој следува. Така барем најавува капитенот голманот Филип Гачевски.
„После долго време се вративме каде што треба да бидеме, на врвот“ – порача популарниот Гача, обраќајки им се очигледно на сите оние кои не веруваат дека Вардар сезонава дефинитивно се враќа во „елитата“.