Европското првенство во кошарка вечерва и официјално ќе заврши. Овој континентален собир кој се одржа во четири земји покажа дека фаворитите на хартија секогаш не победуваат. За да се стигне до едно финале или златен медал, треба многу повеќе. Словенија, актуелниот бранителот на тронот не стигна ниту до полуфинале, а исто ги снајде Грција и Србија.
Битката за трофејот стартува во 20:30 часот, силите ќе ги одмерат Шпанија и Франција. Ова ќе биде нивна шеста пресметка на ова натпреварување, последен пат во финалето играа во 2011 година во Литванија, победата ја однесе „фуријата“, кога го освои второто од трите злата на Европските првенства. На другата страна Франција има само една титулата, истата ја освои во 2013 година.
Ќе има силна битка на двете страни на теренот, бидејќи Вили Хернангомез и Руди Гобер сакаат да влијаат на играта на нивните тимови. И двајцата импресионираа за време на турнирот. Во меѓувреме, Лоренцо Браун почна да блеска во редовите на Шпанија.
ПРЕД ФИНАЛЕТО ДВЕТЕ ГЛАВНИ ЅВЕЗДИ ИСТАКНАА
„Ние сме во финале, но имаме уште работа. Ќе биде многу тешко, многу тешко финале, но што друго е ново по ова прашање? Вакви беа сите досегашни натпревари, но ние сме борци и ќе дадеме се од себе секоја секунда“, изјави Вили Хернангомез.
„Одлично е чувството да се биде во финалето. Тоа е сон за нас. Никогаш не сум освоил златен медал. Имам многу сребрени и бронзени медали, но ми треба тоа злато. Ова беше целта кога почнавме со подготовките. Сега имаме уште еден натпревар“, рече Руди Гобер.