Новата сезона во Лигата на шампионите само што започна. Се одиграа првите две кола од групната фаза, а следуваат уште четири кола до крајот на годината. На пролет нокаут рундите…
Додека другите екипи се борат за што подобар пласман, директно место во групите од елитното европско натпреварување, други ја бркаат титулата во домашните шампионати и излез во квалификациите, некои веќе си ја завршија работата.
Една екипа веќе избори место во Лигата на шампионите за наредната сезона 2023/24.
Додуша ќе тргне од претквалификациите, но како и да е уште сега го имаме првиот учесник. Се работи за екипата на КИ Клаксвик кој стана шампион на Фарските Острови и како таков си зема билет за ЛШ наредната сезона.
Шампионатот на Фарските Острови завршува кон крајот на септември како што е секоја година затоа што од октомври па до пролет не се игра фудбал поради студ и замрзнати терени. Во најсилната лига играат 10 тимови и има 27 натпревари.
What a night. 💙 pic.twitter.com/OSgQrJejMS
— KÍ (@KI_Klaksvik) September 18, 2022