Наполи триумфално низ Милано (ВИДЕО)

155

Тимот на Наполи за кој Елиф Елмас одигра само неколку минути предмалку го совлада Милан на негов терен со конечни 1:2 во дербито на Серија А, ова коло.

Од она што се очекуваше од овој дуел тоа и го добивме. Дерби средба во која Наполи ги искористи своите два моменти, додека домаќинот иако шутираше преку дваесет пати кон противничкиот гол сепак не освои ниту бод.

Заплетот започна во 55. минута кога Политано реализираше удар од белата точка. Жиру изедначи на 1:1, и му донесе сериозна надеж на Милан дека може да дојде до комплетен пресврт, но не само што тоа не се случи туку домаќинот го загуби и тој тешко стекнат бод. Џовани Симеоне погоди во 78. минута од мечот, а Милан немаше сила за нов кам бек. Иако дуелот се играше стотина минути, сепак, Наполи издржа и ги освои трите бода на овој значаен дуел.

Со овој триумф Наполи е лидер на табелата со 17 бода, колку и Наполи,  додека пак Милан остана на досегашните 14 бода.

ПретходноВили Хернангомез е прогласен за МВП на Еврпобаскетот, Адетокумбо во Ол-старт тимот!
СледноРеал е главен во Мадрид (ВИДЕО)