Јапонскиот фудбалер Шоја Накаџима неславно дебитираше за Анталијаспор во дуелот со Адана Демирспор во турската Суперлига. Се играше 59 минута кога Анталијаспор губеше со 0:1. Накаџима влезе на теренот на свое задоволство и на задоволство на својата фамилија која беше на трибините.
Тоа што требаше да биде момент на радост се претвори во драма по само 20 секунди. Накаџима се обиде да освои топка но не пресмета добро и задоцни во реакцијата. Го собори противничкиот фудбалер, а судијата му покажа жолт картон на Јапонецот.
Но тука не беше крајот. ВАР го повика судијата да прегледа снимка. Откако ја виде на мониторот, судијата ја преименува одлуката и му покажа на Накаџима директен црвен картон.
На крајот Анталијаспор загуби со 0:3. Најкратко но и најгорчливо деби за новиот тим.
The worst debut in history?
Shoya Nakajima comes on and then gets sent off 20 seconds later 😖
Check out his family’s reaction in the stands 😬pic.twitter.com/YgMZI8oUT4
— Football Transfers (@Transfersdotcom) September 18, 2022
antalya maçında nakajima oyuna girdikten 20 sn sonra müdahale yapıp kırmızı kart aldı var’dan. adamın ailesi japonya’dan gelmiş izlemeye. görsele focus, izlerken kahroldum pic.twitter.com/sjFEKgOhu0
— Hamz (@HamzAkgn) September 17, 2022