По бод за Скопје и Брегалница, црвени за Тодоровски и Мојсов! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

396

Во последниот меч од 8.коло во ПМФЛ, попладнево на Автокоманда, Скопје и Бреалница одиграа 0:0.Секако дека ова е уште еден голем удар за тимот на Илчо Ѓорѓиоски, тим кој никако да ја пронајде вистинската и потребна форма во последно време.

Секако дека ова е голем неуспех за „сините“ од Штип. Скопје одигра како што треба, имаше и шанси преку Калпачки и Игњатов за победа, но сепак треба да се биде реален и да се каже дека Брегалница ја имаше иницијативата во речиси целиот натпревар а Додев во два наврати не успеа да му донесе триумф на својот тим. Сепак Скопје беше одличен во одбраната предвдодена од Јасмин Мециновиќ.

Интересно, и двете екипи натпреварот го завршија со по еден играч помалку откако прво Даниел Мојсов во 68.минута доби втор жолт картон од страна на судијата Стојанче Трпчевски. Сепак Брегалница не играше долго време со играч помалку, во 80.минута домашниот играч Баже Тодоровски доби втор жолт и тој мораше предвреме да го напушти теренот.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноНеверојатно: Мбапе барал да се донесе Левандовски во ПСЖ, а Нејмар да си оди!
СледноВМФЛ: Вардар едвај победи против довчерашниот третолигаш, триумф и на Пелистер…