Бронзениот медал на Европското првенство завршува на градите на кошаркарите на Германија, еден од домаќините на овој континентален собир. Во битката за третото место, Германците ја совладаа Полска со 82-69 и за првпат се закити со бронзен медал на Европските натпреварувања, имаат едно злато и сребро.
Домаќинот пред своите фанови во Берлин одигра добро во втората четвртинам ја доби со 17-9, на одморот позитива беше 36-25. Полска се врати на кратко во третиот период, го доби со 18-26, но тоа не беше доволно за целосен пресврт и ново изенадување.
Денис Шрудер и овој пат беше лидер кај Германија, зад своето име запиша 26 поени и шест асистенции, на другата страна Соколовски имаше 18 поени.
За 20:30 часот е закажано финалето на ЕП, во кое силите ќе ги одмерат Шпанија и Франција.