Повратникот во Супер-лигата, тимот на Голден Арт стави крај на серијата од два порази во новата на стартот на новата сезона. На домашен терен, ракометарите ја овој клуб го совладаа Скопје со 30-27 во последниот меч од третото коло во групата Б.
Голден Арт, рано на стартот на мечот најави дека е цврсто решен да дојде до целиот плен, поведе со 5-2, па со 11-8, на одморот замина со позитива од два гола 18-16. Во вториот дел избраниците на Горан Кузманоски се вратија на момент, израмнија на 19-19, но домашниот состав беше премногу мотивиран, успеа да се одбрани и да дојде до првата победа оваа сезона.
Илиев со десет гола го предводеше Голден Арт, на другата страна Барјактаревиќ имаше седум погодоци.