СП: Алили поразен во репасажот, од Белград се враќаме без медал

70

И последната македонска надеж за медал на Светското првенство во борење, слободен стил, во Белград, пропадна. Младиот борач Бесир Алили денеска се појави во првиот репасаж-филтер во категоријата до 61 килограм, но не успеа да дојде до борбата која можеше да му донесе пласман во трка за бронзаниот медал.

Алили кој вчера загуби од сега веќе финалистот Атринахарчи од Иран, денеска во првиот репасаж за противник го доби Базарганов од Азербејџан, кој беше подобар од нашиот борач совладувајќи го со 5:1.

Со тоа завршија сите настапи на нашите борачи на Светското првенство од кое се враќаме без медал.

ПретходноЦрвен картон во 9-тата секунда: Екс-дефанзивецот на Барса е нов антирекордер во Лига 1 (ВИДЕО)
СледноПрва радост за Голден Арт во Супер-лигата