Сцени од Шкотска ја шокираа Велика Британија при едноминутно молчење за Кралицата: Лизи е во кутија (ВИДЕО)

578

Фудбалерите на Хибернијан вчера играа на свој терен против Абердин во осмото коло на шкотската Премиершип.

Се очекува сите мечеви викендов во Велика Британија да започнат со едноминутно молчење во чест на кралицата Елизабета Втора, која со оваа земја владееше 70 години, а минатата недела почина на 96-годишна возраст во Шкотска.

Погребот ќе се изврши во понеделник, а последните денови владее голема тага низ земјава. Сепак, има и такви во Велика Британија кои не беа толку потресени од смртта на кралицата.

Тоа се виде и на вчерашниот натпревар меѓу Хибернијан и Абердин, кога навивачите на домашниот клуб ја згрозија јавноста на островот со своето однесување во минута молчење.

Некои фанови со свирежи го испратија едноминутниот молк за кралицата, но некои од нив пееја дури и погрдна песна која особено ја остави без зборови јавноста во Англија.

„Лизи е во кутијата“, пееја навивачите на Хибернијан.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат како некои навивачи на овој клуб покажуваат среден прст кон големиот екран на стадионот, на кој имаше фотографија од кралицата Елизабета Втора.

ПретходноНови проблеми за селекторот: Милевски ќе мора и без Етеми!
СледноВМФЛ: Вардар на гости кај Караорман, Пелистер по бодови во Охрид…