Брентфорд – Арсенал 0:3 е епилогот на денешниот меч попладнево во 7.коло во Премиерлигата. Иако се очекуваше многу повеќе од домашниот состав, сепак момците на Микел Артета одиграа на своето ниво и просто го “скршија“ домашниот состав. Со овие три бода сега Арсенал е лидер на табелата во најсилната лига во светот.
Гостите од Лондон дојдоа во водство во 17..минута со голот на Салиба, Жезус во 28.минута го удвои водство на гостите. Само што започна второто полувреме, во таа 49.минута Виеира стрелаше за 0:3. Со тоа стави точка на победата на својот тим, бадијала беа нападите на домашниот состав барем да го ублажат поразот.
Во самиот финиш во игра кај Арсенал влезе Нванери, кој со само 15 години и 181 ден е најмладиот фудбалер кој некогаш играл за Арсенал во Премиер лигата.
Тој е роден на 21.03.2007 година, значи со неполни 16 години играше за Арсенал.
Born in 2007 ! Nwaneri makes his Arsenal debut!
History as the youngest every PL player!
Brentford 0-3 Arsenal pic.twitter.com/JY8CPfKP0J— footygoals (@footygoals5) September 18, 2022