Денеска по улиците на Скопје се возеше велосипедската трка “Гран Фондо“. По подолго време граѓаните на главниот град на Македонија, имаа можност да проследат една ваква трка. Победник во машка конкуренција беше Денис Стилијанов од Бугарија, втор беше Виктор Ванчевски од Македонија, додека трет беше Даниел Тодоров од Бугарија.
Се возеа 12 км, а вкупно имаше 380 учесници.
Во женска конкуренција победи Елена Петрова од Македонија, додека втора беше Бугарката Ивана Тонкова.
Инаку од следната година трката “Гран Фондо“ ќе биде во рамките на европскиот шампионат и ќе се одржи во јуни.