Виљареал и Севиља си поделија по бод (ВИДЕО)

50

Фудбалерите на Виљареал и Севиља ремизираа 1:1 во шестото коло од Ла Лига. Предводени од мотивираниот Иско, кој во осмата минута истрча меѓу противничките редови и асистираше за Оливер Торес, Севиља поведе со 1:0.

Виљареал заигра подобро откако прими гол, а во 27. минута најблиску до гол беше Дани Парехо кој со мајсторски удар од 25 метри ја погоди гредата.

Кокелан во 51. минута помина 30-тина метри за да го проигра Баена кој биеше кон голот на Дмитровиќ кој одбрани, но потоа топката повторно се одби од ногата на играчот на Виљареал и заврши во голот за конечни 1:1.

ПретходноПрва радост за Голден Арт во Супер-лигата
СледноПрва бронза за Германија на Европските првенства!