ВМФЛ: Вардар на гости кај Караорман, Пелистер по бодови во Охрид…

318

 

Попладнево се играат седум натпревари од 5.коло во ВМФЛ. Вчера во дербито на колото Гостивар и Воска одиграа 2:2.

Најинтересно се очекува да биде покрај Охридското езеро каде ќе гостуваат Вардар и Пелистер. Скопскиот тим ќе игра во Струга против Караорман, а битолчани ќе бараат бодови кај Охрид.

Детонит Плачковица го дочекува добриот тим на Арсими, меч во кој домашниот состав можеби е фаворит на хартија. Ужасниот Борец,кој во средата во Купот беше торпедирани од третолигашот Фортуна, го дочекува Кожуф и тешко дека ќе избегне пораз. Пехчево Скопје и Тетекс играат во Скопје, ете шанса за бодовите на “штофарите“, а Каменица Саса дома игра со Беласица. И во последниот меч екипата на Беса се среќава со Слога (Виница).

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – АРСИМИ

БОРЕЦ – КОЖУФ

КАРАОРМАН – ВАРДАР

ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – ТЕТЕКС

КАМЕНИЦА САСА – БЕЛАСИЦА

БЕСА – СЛОГА(В)

ВЧЕРА:

ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ 2:2

ПретходноСцени од Шкотска ја шокираа Велика Британија при едноминутно молчење за Кралицата: Лизи е во кутија (ВИДЕО)
СледноДрама во Баерн Минхен по новиот кикс, Салихамиџиќ со предупредување!