Иџе со триумф во Хрватска и освоено вицешампионско место

108

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе уште еднаш потврди дека е сериозен квалитет во класата каде што се натпреварува. Во Европскиот ридско планински шампионат тој сезонава и официјално го освои вицешампионското место, а истото е потврдено со денешната победа во Хрватска на патеката во Бузет.

Со вкупно време од двете трки од 5:13,189 часа, Стефановски ја остави конкуренцијата зад себе, а посебно Антонино Миљуоло кој е победник во севкупниот пласман.

Сепак, ова и е огромен успех за нашиот автомобилист, кој со 166 бода единаесет помалку од Миљуоло го завршува актуелниот шампионат.

ПретходноБетис и Сосиедад со идентични победи
СледноГачевски: Вардар конечно е таму кај што треба, на врвот