Македонија против Грузија и Бугарија без капитенот Стефан Ристовски

367

Репрезентацијата на Македонија пред двата клучни мечеви од Лигата на Нациите против Грузија на гости односно Бугарија на домашен терен останува без капитенот Стефан Ристовски.

Тој има повреда на петата и има сериозни болки во моментов. Повредата не е воопшто наивна, и тој за да може да настапи на мечевите против Милан односно Челзи бил подложен на третмани.

Сепак, сега тоа едноставно доаѓа на наплата и Ристовски мора да паузира, а сгора на тоа и да ја залечи повредата.

Со ова нашата репрезентација дефинитивно има проблем, затоа што Ристовски се знае дека е незаменлив по таа негова десна страна. По откажувањето на Дарко Чурлинов, Ваљон Етеми, еве сега и Ристовски е во „аут“.

Дали ќе има дополнителни повици од страна на селекторот Благоја Милевски кој официјалната прозивка ја има утре во 12:00 часот во хотелот Хилтон ќе дознаеме во текот на утрешниот ден.

 

ПретходноАко успеат да го минат Апелдорн: Струмица Н. во 2. коло од ЛШ против Спортинг (Л)
СледноБетис и Сосиедад со идентични победи