Монца прослави прва победа и го забрза заминувањето на Алегри од клупата на Јувентус (ВИДЕО)

124

Новајлијата во италијанската Серија А, Монца, која освои само бод во шесте претходни кола во дебитантската сезона, денеска ја постигна првата победа и тоа против големиот фаворит – Јувентус. Тимот на Берлускони и Галијани славеше над „Старата Дама“ со 1:0.

Последнопласираниот тим од лигата ја продолжи агонијата на торинскиот тим До првиот триумф, Монца стигна со голема помош на искусниот Анхел Ди Марија, кој во 40. минута со лакт во градите удри еден од домашните играчи, па судијата Мареска му покажа директен црвен картон.

Домашниот тим успеа да постигне гол во 74. минута и практично да му го отвори патот на Алегри до отказ на кормилото на Јуве.

Денеска Лацио беше убедлив на гостувањето кај Кремонезе (4:0), додека Фиорентина ја победи Верона со 2:0.

ПретходноВМФЛ: Вардар едвај победи против довчерашниот третолигаш, триумф и на Пелистер…
СледноИ тоа се случи: Евертон во седмиот меч оствари прва победа (ВИДЕО)