Нови проблеми за селекторот Благоја Милевски во пресрет на мечевите од Лигата на Нации со Грузија и Бугарија. Имено Валон Етеми е повреден, така барем инфомираат од страна на неговиот клуб Истанбулспор. Нашиот репрезентативец има проблеми со горниот десен мускул кој е истегнат. Токму затоа тој вчера не беше во составот на Истанбулспор на мечот со Бешикташ,меч кој заврши со резултат 2:2.Сеуште не се знае Етеми колку ќе паузира, но јасно е дека мали се шансите, речиси никакви тој да се најдево составот на нашата репрезентација за мечевите на 23 и 26 септември.
Инаку познато е дека Милевски за циклус нема да смета ниту на повредениот Дарко Чурлинов. Па затоа ако Етеми и дефинитивно откаже, Милевски веројатно ќе упати дополнителен повик до некој напаѓач.