Халанд даде 14 гола, но поради еден потег се најде на мета на критики (ВИДЕО)

405

Ако го погледнеме почетокот на новата сезона, речиси и да нема сомнеж кој фудбалер оставил најдобар впечаток досега. Ерлинг Халанд игра спектакуларно во дресот на Манчестер Сити и има постигнато дури 14 гола во сите натпреварувања за „граѓаните“, а оваа серија ја продолжи победата над Вулверхемптон. Тој го постигна првиот гол во триумфот од 3:0, по што Сити остана на врвот на табелата, за да малку подоцна да му се придружи Тотенхем на врвот на табелата.

Од доаѓањето од Дортмунд, Халанд има 11 гола во Премиер-лигата и уште три во Лигата на шампионите, но ако може да се каже дека нешто му пречи – тогаш тоа е неизбежниот публицитет.

Холанд се труди да биде „досаден и скржав“ со своите зборови кога дава интервјуа, практично ги отфрла медиумите, а му пречат телевизиските камери, тоа на дело се покажа по победата над Вулверхемптон.

На крајот од полувремето камерманот го следеше и се обиде одблиску да ја сними неговата реакција, но Халанд, не е навикнат на тоа, ја оттурна камерата што пак наиде на критики во Англија.

Изгледа побрзо се навикна на Премиер-лигата отколку медиумите што го следат.

 

ПретходноПрва работилница на секцијата на спортски новинари при ЗНМ во Охрид!
СледноНови проблеми за селекторот: Милевски ќе мора и без Етеми!