ФИБА призна дека судиите имале грешки на Евробаскетот!

187

Пред почетокот на финалето на Евробаскет, кој заврши вчера,ФИБА одржа прес-конференција на која челниците на организацијата одговараа на новинарски прашања за самото натпреварување и воопшто за европската кошарка. Многумина репрезентации се жалеа на судењето, а за тоа свое видување даде Камил Новак, извришниот директор.

„Има два аспекта, а првиот е изведбата. Судиите се оценуваат и пред и за време на Евробаскетот, така што нема сомнеж за нивниот избор“, започна Камил Новак.

Но, мораше да признае и дека на ова првенство се случија два скандала, првиот на мечот меѓу Литванија и Германија во групната фаза.

„Тоа што се случи на натпреварот Литванија-Германија не требаше да се случи, тоа се грешки кои не смеат да се повторат. Беше многу негативно, остави сенка врз судиите. Вториот дел од мојот одговор – вие кои бевте на Евробаскетот во 2017 и 2015 година, можам да ви кажам дека има многу помалку проблеми и поплаки отколку во 2015. Има многу ѕвезди тука, па токму затоа е голем притисок, и јас би не се согласил дека судењето е лошо, особено сега. Секако, две многу лоши работи се случија на натпреварот помеѓу Литванија и Германија, а друг сосема поинаков случај се случи на натпреварот помеѓу Грузија и Турција. Освен тие, немавме некои големи проблеми“, рече тој.

Тој нагласи дека влијанието на социјалните мрежи е пресудно за да се создаде впечаток дека судењето било лошо.

„Сега имаме многу голема улога и на социјалните мрежи и секој може да напише нешто и така се создава погрешен впечаток. Во групната фаза судиите се обидоа да разговараат со играчите и тренерите, но тоа се покажа како лошо, па беа многу построги во нокаут фазата“. 

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум)
СледноМбапе прави проблеми и во француската репрезентација!