Пред натреварот со Победа, во меч од 8.коло во ПМФЛ, на Работнички и тоа како му гореше. По катастрофата минатата недела на Чаир, Калц Марковски си поднесе оставка, па Стојан Игњатов – Тинте, одново го зема тимот под свое. Победата во Купот беше очекувана, но саботниот дуел со прилепчани мораше да се добие по секоја цена. И Работнички победи, и тоа со голот на Рушевиќ кој потоа истрча или „исклиза“ до својот тренер да ја подели радоста. Јасно беше дека Тинте беше во еуфорија, тој гол и тие три бода беа скапоцени за тимот од Градски парк.