Ако Нагелсман добие отказ нов тренер на Баерн ќе биде Тухел!

133

Иако засега раководството на Баерн Минхен му дава целосна поддршка на својот тренер Јулиен Нагелсман, сепак факт е дека нешто не е во ред со тимот. Баварската гордост има очаен старт во Бундеслигата, како да заборави да победува тимот предводен од Нагелсман.

Па така денеска тиражниот „Билд“ излезе со напис дека во случај да продолжат овие резултати секако дека Нагелсман ќе биде сменет, а нов тренер ќе биде Томас Тухел довчерашниот стратег на Челзи.

Секако дека ова е добра опција за Баерн, Тухел моментално е најдобриот германски тренер кој нема работа, и затоа според „Билд“ тој е опцијата за клупата на баварците.

ПретходноБарса го „краде“ Марко Асенсио од Реал и тоа бесплатно
СледноФОТО НА КОЛОТО: Тинте и Рушевиќ во еуфорија!