Блескав почеток на сезоната: Реал не почнал вака силно во последните 50 години

139

Европскиот шампион Реал Мадрид синоќа оствари нова победа во Ла Лига, откако го доби големото градско дерби против Атлетико (М) со 2:1. Со оваа победа, тимот на Карло Анчелоти го запиша еден од најдобрите стартови во сезоната низ историјата на клубот.

Реал Мадрид победи на девет натпревари по ред на стартот од сезоната. Ова е најдобриот почеток на новата сезона, дури од сезоната 1968/1969 година, кога мадридскиот клуб победи во првите 11 натпревари.

Реал Мадрид оваа сезона победи на шест првенствени натпревари, а има и два успеха во Лигата на шампионите и притоа го освои и Суперкупот на УЕФА.

По шест кола, Реал Мадрид сам е на лидерското место во поредокот на шпанскиот шампионат со 18 бодови.

ПретходноСтрумица Н. утрово отпатува за Холандија на првиот меч од ЛШ против Апелдорн (ФОТО)
СледноФФМ потврди: Откажаа Ристовски и Етеми, Милевски ќе повика замени