Во Јувентус гори: Алегри давал интервјуа без знаење на клубот, ќе има ли отказ?

531

Гори тлото под нозете на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. Иакое  уште септември, ситуацијата во Јувентус е веќе многу лоша. Во Серија А од седум натпревари тимот има само две победи (четири нерешени и еден пораз) и моментно е само на 8. место. Минатиот викенд се покажа како исклучително лош за „Старата Дама“ која загуби на гостувањето кај Монца, новајлијата која до овој меч немаше ниту една победа во историјата на Серија А.

Работата да биде уште полоша, Масимилијано Алегро ги вознемири надредените во клубот откако пред натпреварот против клубот на Силвио Берлускони се појави интервју за „Кориере дела Сера“ кое воопшто не било одобрено од управата на торинскиот гигант.

„Многу ми е жал за моменталната ситуација и често се прашувам дали и каде сум згрешил. Првото нешто што ми паѓа на ум е дека Јувентус требаше да изгледа поинаку. На средината од теренот Рабио, Паредес и Погба со Локатели како прва замена. Ди Марија и Киеза на крилата, Влаховиќ во нападот. Но сегашниот Јуве е виртуелен затоа што имаме многу повреди на чело со Погба и Киеза. Обидете се да ги тргнете петте главни играчи од Интер или Милан и ќе видиме што ќе се случи“, изјавил тој за „Кориере дела Сера“.

Од Јувентус велат дека тренерот не ги информирал претпоставените за интервјуто, па најверојатно ќе биде казнет. Дали тоа ќе ја забрза и постапката за негов отказ, останува да видиме.

ПретходноМилевски го повика Бејтулаи од Шкендија за дуелите со Грузија и Бугарија
СледноНема да игра на СП во Катар поради глупост: Не се појавил навреме на допинг-тест!