И дефинитивно нашата најдобра репрезентација и тоа како ослабена ќе настапи на псоледните два меча од групата во Лигата на Нации. Познато е дека во петок играме со Грузија на гости, а во понеделник со Бугарија во Скопје.
За тоа што може да се очекува од гостувањето во Тбилиси, свој коментар денеска имаше Доријан Бабунски:
„Недостасуваат повеќе репрезентативци, но тие што сме тука секако дека сме решени да го задржиме нивото, да го искажеме нашиот квалитет. Мораме да бидеме поефкасни. Против Грузија во Скопје одлично почнавме, но така треба да се игра во текот на сите 90.минути“ посочува напаѓачот на Дебрецин.