Коментар на 8.коло: Оваа Струга Трим Лум битката за титулата ја направи неинтересна…

1319

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Кој ли само можеше да претпостави дека во пресрет на репрезентативната пауза, по првите осум кола во новата сезона во ПМФЛ, дека табелата ќе изгледа вака како што сега изгледа. Дека Струга Трим Лум ќе биде лидер со максимални 24 бодови, дека Силекс ќе биде втор со десет помалку, а Шкендија и Шкупи со по 12 и 13 бодови помалку.

Зарем е можно?

Па, да. Се чини дека тоа како игра и како победува Струга Трим Лум дека битката за титулата станува неинтересна. По социјалните мрежи фудбалските фанови пишуваат дека уште сега нека им го дадат на стружани шампионскиот пехар, се со цел да не се бламираат Шкендија и Шкупи.

Осум од осум, 24 бодови, постигнати 18 и примени само два гола. Не може подобро. Не паметиме во изминатите 31 сезони во самостојна Македонија некој клуб да има ваков старт по осум кола. Фантастично.

Струга ТЛ полека, но сигурно станува максимално сериозен клуб. Ги погоди засилувањата, за тренерот Захариевски да не говориме. И кога ќе тргне тогаш јасно е дека е тргнато.

Сега главна фора во ПМФЛ е кој ќе ја сопре супер серијата на Струга ТЛ. Во саботата Тиквеш најавуваше такво нешто, но и тој беше преслушан и совладан со 2:0.

За Струга ТЛ има да се пишуваат романи, но засега толку.

Шкендија и Шкупи се “тепаат“ а Струга Трим Лум користи. Па навистина можно ли е и во седмиот по ред меч меѓу Шкендија и Шкупи да нема победник?

Се покажа дека е можно. Шкупи се извлече и само поради голманот Кристијан Наумовски.

Брегалница одново не успеа да победи, иако и сега беше фаворит против Скопје.

Работнички не блескаше, но успеа да ја победи Победа а Македонија ЃП ефектно славеше во Струмица кај А. Пандев.

Сега следува пауза од две недели поради настапот на нашата репрезентација во Лигата на Нации.

Малку да одмориме од ПМФЛ…

ПретходноДоријан Бабунски: Мора да сме поефикасни, да го покажеме нашиот квалитет!
СледноЕден од лидерите на Шпанија признава: Трпев бројни критики! Не е важно каква боја си, сите сме исти!