Повремениот македонски репрезентативец, Егзон Бејтулаи ќе биде ново повикано име во нашиот А-репрезентативен состав за престојните мечеви со Грузија и Бугарија во Лигата на нации.
По последните откажувања на капитенот Ристовски и Ваљон Eтеми, селекторот Милевски најави дека ќе има дополнителен повик на нови имиња, па првото кое се најде на списокот е дефанзивецот на Шкендија.
Тој од денеска треба да му се стави на располагање на селекторот со првиот попладневен тренинг од 17.30 часот.