Македонската репрезентација до 21. година денеска ги стартуваше подготовките за турнирот во Хрватска на кој што покрај ние и домаќинот учевствуваат уште и репрезентациите на Саудиска Арабија и Албанија.
Нашиот национален тим попладнево го одржа првиот тренинг, а селекторот Драган Канатларовски имаше можност првично да се запознае со формата на репрезентативците.
„ По консултациите со мојот тим за одигрување на што поголем број контролни натпревари, се со цел што подобро да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат во март, можам да изразам задоволство што ќе учествуваме на еден ваков силен турнир во Хрватска. Ова е наш втор собир, првиот собир на оваа генерација беше во јуни каде што одлично стартувавме, забележавме две победи над Бих. Се надевам дека во ист ритам ќе продолжиме, со квалитетна игра, голема пожртвуваност и желба за победа. Од натпревар во натпревар ќе се обидеме да ја подобриме нашата играта и да растеме и напредуваме заедно како тим. Вредно и напорно работиме, се трудиме сите заедно максимално на секој тренинг. Ме радува фактот што ги имаме сите играчи на располагање, во Хрватска ќе ни се придружи и Кристијан Тасевски. Оваа репрезентација поседува квалитет и знаење, се надевам дека ќе ја продолжиме победничката низа.” – изјави селекторот Канатларовски.