Некомплетни, па ако сакате и ослабени, сепак со верба во себе и своите квалитети нашата репрезентација под водство на селекторот Благоја Милевски попладнево на теренот на ФФМ го одработи првиот тренинг во пресрет на мечевите од Лигата на Нации против Грузија и Бугарија.
Јасно е дека фокусот е кон Тбилиси, кон петок и мечот со силната селекција на Грузија. Знаеме како беше во Скопје, па време е за реванш.
Македонија може и Македонија сака. Овие момци знаат што треба да сторат за да се дојде до победа.