Репрезентацијата на Сенегал ќе мора да патува на Светското првенство во Катар без една од своите ѕвезди – Кеита Балде. 27-годишниот фудбалер на Спартак (М) е суспендиран на три месеци поради тоа што не се појавил на допинг-контрола. Оваа одлука ја донесе Светската антидопинг агенција (ВАДА).
„Фудбалерот Кеита Балде беше суспендиран од Светската антидопинг агенција на 90 дена поради прекршување на протоколот за антидопинг тест по натпреварот Удинезе – Каљари (5:1) на 3 април 2022 година“, објави Светската антидопинг агенција. Тоа значи дека ѕвездата на репрезентацијата на Сенегал нема да игра на Мундијалот. Неговата репрезентација е во групна заедно со Катар, Еквадор и Холандија.
Во официјалното соопштение агенцијата потврди дека во телото на играчот не се откриени забранети супстанци, а казната е предизвикана исклучиво поради прекршување на антидопинг процедурата и протоколот.
Суспензијата на Кеита Балде ќе трае до 5 декември.