Грчки Олимпијакос синоќа му врачи отказ на тренерот Карлос Корберан. Засега не се познати причините за раскинувањето на договорот. Корберан ја презеде функцијата на 1 август и по неполни два месеци веќе заминува од функцијата. Под негово водство тимот одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, на кои забележа четири победи, четири пати ремизираше и претрпе три порази.
Викендов Олимпијакос загуби од Арис во натпреварот од грчкото првенство со резултат 2:1 и веројатно тоа беше иницијална каписла за управата да ја прекине соработката со него.
Во моментов, Олимпијакос е на шестото место во грчкиот шампионат со осум бодови. Корберан претходно беше главен тренер на англиски Хадерсфилд.