ОФИЦИЈАЛНО: Де Зерби седна на клупата на Брајтон

134

Она што беше најавено минатата недела, синоќа и официјално потврдено. Италијанскиот стручњак Роберто Де Зерби е нов менаџер на Брајтон. Тој седнува на кормилото на тимот кое беше испразнето по заминувањето на Грем Потер на клупата на Челзи.

Претходно беше објавено дека англискиот клуб е во преговори со неколку тренери, но решил да му ја даде довербата на екс-тренерот на Шахтјор Доњецк.

43-годишниот Де Зерби беше тренер на италијански Сасуоло од јули 2018 до мај 2021 година. Потоа седна на клупата на Шахтјор Доњецк, со кого го освои Суперкупот на Украина.

ПретходноФФМ потврди: Откажаа Ристовски и Етеми, Милевски ќе повика замени
СледноМилевски го повика Бејтулаи од Шкендија за дуелите со Грузија и Бугарија