Поради семејна трагедија Инсиње нема да игра за Италија на натпреварите во Лигата на нации

146

Семејна трагедија е причината поради која Лоренцо Инсиње нема да биде дел од репрезентацијата на Италија за натпреварите од Лигата на нации против Англија и Унгарија.

Медиумите објавија дека сопругата на фудбалерот, Џени, го загубила бебето во шестиот месец од бременоста. 31-годишниот играч на Торонто имал психолошки шок, но пријателите му помогнале да се опорави.

Лоренцо и Џени се во брак од 2012 година и веќе ги имаат двата сина, Кармин (9) и Кристијан (7).

ПретходноНема да игра на СП во Катар поради глупост: Не се појавил навреме на допинг-тест!
СледноМилев пред дуелот со Апелдорн: Неиграњето на Русите е голем хендикеп за нас, но нема да се предадеме