Гиорги Мамардашвили, голманот на репрезентацијата на Грузија, пред дуелот со Македонија в петок во Лигата на Нации, има причини да биде задоволен. Имено тој потпиша нов договор со својот клуб Валенсија. Договор кој ќе трае до 2027 година.
Младиот чувар на мрежата важи за еден од најдобрите голмани во Европа, а по одличните настапи во дресот на Валенсија, секако дека немаше никаква причина шпанскиот гигант да не ја продолжи соработката со Грузиецот.