Реал Мадрид со понуда за Федерер!

289

Реал Мадрид испрати интересна понуда до швајцарскиот тенисер Роџер Федерер. Идејата на „кралскиот“ тим е да го одигра својот последен меч на новиот „Сантијаго Бернабеу“ и тоа против Рафаел Надал.

Ова би бил дуел на кој ќе биде запишан нов рекорд по бројот на гледачи на еден тениски натпревар. Во овој момент најгледниот меч се случи во 2020 година во Јужна Африка, 52.000 љубители на тенисот беа дел од дуелот меѓу Федерер и Надал.

Новиот „Сантијаго Бернабеу“ според планот треба има капацитет од 81.000 места, што значи дека рекордот би можел да биде надминат за околу 30.000.

Федерер најави дека Лејвер Купот ќе биде последно натпреварување во професионалната кариера.

ПретходноМбапе прави проблеми и во француската репрезентација!
СледноНБА го менува правилото кое важи 17 години!