Денеска стартуваа подготовките на нашата А-репрезентација за мечевите во Лигата на Нации против Грузија (23 септември) и Бугарија (26 септември). Јасно е дека ако сакаме да бидеме први во групата мора во најмала рака да славиме на двата меча и да се надеваме на кикс на Грузија на дуелот со Гибралтар.
Енис Фазлагиќ пред денешниот прв тренинг на репрезентацијата посочи:
„Секако дека мора да веруваме дека можеме да бидеме први во групата на крајот. Наше е да одиме на победа на двата меча, и со Грузија на гости и со Бугарија дома. Не е тајна дека Грузија е одличен тим, но ние одиме таму да освоиме три бода“ вели играчот за врска.
Не е тајна дека во Тбилиси не чека пеколна атмосфера пред 55.000 домашни фанови и дека Грузија се смета за фаворит.
“Грузија во Скопје покажа дека е квалитетен противник. Ние одигравме добро, но немавме среќа. Примивме гол, и после мечот отиде во несакан правец. Мислам дека со наш добар пристап. Максимално треба да се фокусираме ако сакаме и сакаме да извлечеме три бода“ продолжи Фазлагиќ.
Во однос на мечот во Скопје, кога загубивме со 0:3, секако дека некои работи треба да се поправат
“Да. Треба да бидеме поконкретни, да постигнуваме голови, да дојдеме до целта а тоа е победа. Едноставно да одиграме и поквалитетно“ заврши Фазлагиќ