Шок пораз за Митревски на стартот во Португалија

133

Шампионот на Португалија, Порто синоќа беше поразен во првото коло од домашното првенство од екипата на Акваш Сантас. Домашната екипа победи 28-27 со гол од пенал во последните секунди. На голот на Порто беше македонскиот репрезентативец Никола Митревски кој не успеа да го одбрани клучниот седмерец.

Ова беше прва победа за Акваш Сансас над екипата на Порто во последните 9 години.

Во Шпанија, Ваљадолид славеше над Пуенте Хенил (33-29), а Дарко Димитриевски постигна четири гола, додека Димитар Димитриоски беше стрелец на еден гол за победничкиот состав.

ПретходноМилев пред дуелот со Апелдорн: Неиграњето на Русите е голем хендикеп за нас, но нема да се предадеме
СледноМилевски прозива за Грузија и Бугарија