Барса го „краде“ Марко Асенсио од Реал и тоа бесплатно

387

Марко Асенсио не е во прв план кај Карло Анчелоти сезонава, а со оглед на одлчните игри на Реал Мадрид во последно време тоа нема да се промени. Офанзивецот едноставно не може да се пробие како прва опција на неговата позиција и тоа е факт. Од друга страна неговиот актуелен договор со Реал завршува на крајот од сезоната, па прашање е само каде тој точно ќе заврши. Што е уште поважно, за него нема да биде потребно обештетување.

Од нигде никаде сега, според „Мундо Депортиво“ се појавува можноста тој следното лето да се пресели во Барселона. Неговиот агент Жорге Мендеш е во добри односи со Жоан Лапорта првиот човек на Барселона, и тука нема да име премногу пречки. Особено што Асенсио е дамнешна желба на Барса уште од времето кога во Реал пристигна од Мајорка.

Голема предност во сето ова е што Мемсис Депај е на излезна врата од Ноу Камп и со самото тоа се отвора простор за нова голема звезда на таа позиција.

 

ПретходноНавивачите на Интер со соопштение: Стоиме зад Инзаги, играчите се тие кои не влечат надолу
СледноАко Нагелсман добие отказ нов тренер на Баерн ќе биде Тухел!