Иако засега раководството на Баерн Минхен му дава целосна поддршка на својот тренер Јулиен Нагелсман, сепак факт е дека нешто не е во ред со тимот. Баварската гордост има очаен старт во Бундеслигата, како да заборави да победува тимот предводен од Нагелсман.
Па така денеска тиражниот „Билд“ излезе со напис дека во случај да продолжат овие резултати секако дека Нагелсман ќе биде сменет, а нов тренер ќе биде Томас Тухел довчерашниот стратег на Челзи.
Секако дека ова е добра опција за Баерн, Тухел моментално е најдобриот германски тренер кој нема работа, и затоа според „Билд“ тој е опцијата за клупата на баварците.