Второто издание на меѓународниот турнир „Драган Василов – Цевка“ го одбележаа младите кошаркари на Будуќност од Подгорица, која во финалето ја совлада Игокеа (Бих) со резултат (78:67).
Претходно, во натпреварот за третото место, играа екипите на Цедевита и белградска Црвена Звезда. Екипата од Загреб стигна до триумф (78:67) и ја однесе „бронзата“ во Хрватска.
Петтото место му припадна на скопски Вардар кој го победи тимот на Триумф од Србија (99:42), a во борбата за седмото место, МЗТ Скопје Аеродром загуби од бугарски Балкан со резултат (48:65).
Балша Мугоша (Будуќност) беше прогласне за најкорисен играч на турнирот, додека признанието за најдобар стрелец отиде кај Миќо Миќановиќ од екипата на Игокеа.