По „Тутоспорт“, кој минатата недела и тоа како го критикуваше учинокот на Душан Влаховиќ, денеска и „Газета дело Спорт“ имаше што да каже за Србинот.
“Дечкото е платен 80 милиони евра а голови од него НЕМА. Сега Влаховиќ наликува на исплашена птица која не може да го најде патот до голот. Тажна е неговата приказна. Само еден шут во голот и еден надвор од него. Катастрофа. Но така е тоа кога Влаховиќ бесконечно чека некој да му додаде топка. Статистиката му е катастрофа, гол дава на секоја 531 минута, па каде го има тоа за центарфор на Јувентус“ се вели во дел од написот на најтиражниот спортски весник во Италија и еден од најмоќните медиуми во Европа.
Сепак треба да се знае дека не е виновен само Влаховиќ, цел тим на Јувентус од стартот на оваа сезона игра катастрофално, и за тоа вината лежи кај тренерот Алегри.