По три последователни порази, екипата на Интер се наоѓа во тешка ситуација. Јаноста „пука“ по Симоне Инзаги кој според многумина е веќе сменет, и се лицитира со неговиот наследник.
Од друга страна, кога е најмногу потребно, во одбрана на Инзаги и интегритетот на клубот се ставија ултрасите, најверните навивачи на клубот, чие мислење и влијание е сериозно.
Предмалку тие излегоа со соопштение во кое директно ја посочуваат причината за очајниот период на клубот. Се ставаат директно во заштита на Симоне Инзаги кого не го сметаат за виновен туку напротив. Токму играчите се тие кои според „Курва Норд“ се оние кои клубот и резултатите во моментот наместо нагоре го влечат надолу.
Бараат веднаш оваа ситуација да се промени, да се мисли позитивно и да се издржи притисокот од јавноста. Социјалните мрежи и коментарите да не влијаат на атмосферата и да се победи на следниот меч по паузата.