Нема како поинаку, Адеми уште еднаш во ХНЛ тимот на колото

149

Аријан Адеми е движечката сила на тимот на Динамо Загреб. Тоа е „моторот“ на тимот од Максимир, кој влече кон уште една титула сезонава. Иако е сеуште рано Динамо веќе има сериозно бодовна предност која е обезбедена и викендов кога „Модрите“ обезбедија победа над Локомотива од 1:2.

Адеми беше стрелец на првиот гол за гостите уште во шестата минута кога беше најавен триумфот. Аналогно на тоа, тој е дел од најдобрите единаесет за ова коло нешто што за Адеми е сосема нормално и вообичаено.
Веќе денеска тој ќе биде дел од нашата репрезнтација која што има собир пред мечевите од Лигата на Нации против Грузија односно Бугарија.

 

ПретходноСтрашна глетка: Покривот на салата им се урна над глава (ВИДЕО)
СледноНово партнерство меѓу УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија