Барселона одлично ја започна новата сезона од шпанскиот шампионат. Тимот на Чави Хернандез во шест кола забележа пет победи и едно реми и заостанува само два бода зад Реал Мадрид кој е на првото место и ги има сите победи до сега. Но, ситуацијата во тимот не е идеална, пишува каталонскиот весник Спорт.
Целата слика ја „расипува“ ветеранот Жерар Пике. Искусниот стопер кој веќе 14 години игра за Барселона, наводно се жали на минутажата, а во една прилика го слушнал и тренерот и поранешен соиграч Чави, кој пак му одговорил:
„Во ред, сега ќе играш уште помалку“, пишува Спорт.
Тренерот на Барселона, има голема пичит кон Пике, смета дека е време да биде заменет со некој помлад. Всушност, во овој момент, Пике би ја направил најголемата услуга на Барселона доколку се пензионира бидејќи би го ослободил клубот од својата плата. Тој е долгогодишен играч на Барселона, секако и еден од најплатените во клубот.