Со цел да се искористи максимално двонеделната пауза поради репрезентативните обврски, Брегалница си закажа меѓународна пријателска средба. Имено штипските “сини“ в сабота во Благоевград ќе одиграат пријателска средба со тамошниот прволигаш Пирин.
Како што известуваат од таборот на “сините“, мечот ќе се одигра на стадионот “Христо Ботев“ во Благоеград со почеток од 15 часот по македонско време.
Ова ќе биде шанса за стручниот штаб на Брегалница да ја провери моменталната форма и на оние играчи кои досега не беа во преден план.